Илјадници граѓани ширум Република Македонија и денеска масовно даваат поддршка на Граѓанската иницијатива за Закон за поништување на Законот на попис.
„Граѓаните и денеска упатија јасна порака до Зоран Заев и СДСМ, НЕ за фалсификат попис кој нема да ја отслика реалната бројка на населението во државата.
Ова е доволна причина, Заев и СДСМ да се откажат од политичката, наместо статистичката операција, која значи само задоволување на интересите на коалициските партнери.
ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите граѓани кои се уште не се потпишале против овој фалсификат попис, да го сторат тоа на некои од штандовите и заедно да го спречиме злото наречено Зоран Заев и СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
извор:курир.мк
Loading...