vesti24.mk
ВЕСТИ

Мајка од Македонија моли синот да се врати: Те молам Иле, имај милост за својата мајка (ФОТО)

ECA

Очајната мајка Снежана Лазаревиќ се уште го бара својот исчезнат триесетгодишен син Илија Лазаревиќ, кому од пред три недели му се изгуби секаква трага.

Таа се уште преку социјалната мрежа Фејсбук споделува апели до сите кои евентуално го слушнале или виделе Илија, да ја исконтактираат.

Вчера постираше повторно.

„Ги замолувам сите пријатели и роднини и надлежните да ме информираат ако го виделе некаде. Три недели поминаа откако го нема. Иле ти се обраќам ако го гледаш ова или некој што е со него, јавете ми се. Не го заслужив ова. Иле ти се обраќам јави ми се, напиша мајката.

Дента кога заминал Илија со себе носел мобилен телефон, неколку часа откако излегол му ѕвонела, но не и одговорил на повиците. Сега веќе и мобилниот телефон му бил исклучен.

„Излезе надвор облечен во темно црвена тренерка и кратки црни пантолони, сиви патики. Висок е околу 180 сантиметри, средна градба, смеѓа коса и брада… Не знам што се случува, настанот го пријавив во полиција, замолувам кој и да има информација да ми се јави, може да е било каде во земјава“, рекла мајката. Негови другари го барале низ Демир Капија, но потрагата била безуспешна.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts