vesti24.mk
ВЕСТИ

МВР се огласи по спасувачката акција кај Мавровка

ECA

Со интервенција на преговарачки тим од Специјалната антитерористичка единица при МВР денеска околу пладне беше спасено лицето кое се обиде да скокне од покрив на зграда на ул.„Филип Втори Македонски“(во близина на трговскиот центар Мавровка), информира МВР.

Од полицијата информираат дека лицето безбедно и без повреди е симнато од зградата и однесено во полициска станица за понатамошна постапка.

-Како што претходно објавивме, утрово во 08.10 часот од граѓанин беше пријавено дека на наведената локација има лице на покрив од зграда и дека сака да скокне, велат од МВР.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts