vesti24.mk
ЗАБАВА

Мека полнета пита, идеален појадок или вечера

ECA

Направете мета полнета пита за појадок или вечера.

Потребни намирници:

250 мл. топло млеко
1 лажичка шеќер
10 гр. квасец
1 јајце
450-500 гр. брашно

За фил:
150 гр. сирење
1 жолчка од јајца
1 лажица кисела павлака
200 гр. шунка

Подготовка:

Замесете го тестото со наведените намирници, да биде соединето и меко. Оставете го да се одмори половина час. Тестото расукајте го со дебелина од половина сантиметар. Сирењето и жолчката измешајте ги.

Тестото поделете го на два дела, и двата намачкајте ги со сирењето, па ставете ги листовите шунка. Тавата намрсете ја или ставете хартија за печење.

Првото тесто преклопете го три пати, па со нож исечете го на половина. Едната половина свиткајте ја во круг на средина од тавата. Така продолжете и со остатокот од тестот. Покријте се со крпа и оставете кратко, па премачкајте ја питата со жолчка со која ќе ставите една лажичка зејтин. По желба може да ставите и сусам.

Се пече на 210 степени околу 15 минути, потоа намалете ја температурата на рерната на 180 степени и печете вкупно 40-45 минути.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts