vesti24.mk
ВЕСТИ

Мерит системот погребан, Царовска молчи за скандалот за партиските списоци на подобни и неподобни професори ментори

ECA

Се повеќе од очигледно е дека образованието во земјата се повеќе и повеќе тоне, а министерката за образование и наука Мила Царовска не води никаква грижа за тоа. Имаше голем број на проблеми во врска со почетокот на учебната година, потоа пред само неколку дена матурантите го изразија своето незадоволство преку протести и уште многу други проблеми, а министерката Царовска единствено „води“ грижа за тоа како да го промени образовниот модел.

Како да не и беше доволно што таа нејзина реформа за промена на образованиот модел не беше прифатена, а исто така беше и многу критикувана од страна на голем број академици и граѓани, па сега молчи за скандалот кој се појави вчера каде партиските списоци на СДСМ служат за тоа како да се изберат професори ментори во општина Карпош.

Имено претседателот на општинскиот комитетет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски од Карпош на својот фб профил објави фотографии каде јасно се гледа на кој начин се избираат професори ментори во општина Карпош.

-Да ги направиме славни денес и Општината и нивните подобни ментори.СДСМ Општинска Карпош порачува, Стефан Богоев извршува, просто.Тоа е финската реформа на Царовска.Дури и професор ментор се избира во нивната општинска.Кариера, квалификации и професионалност се неважни. Има книшка или наши=подобен, сите останати неподобни.Да имаше ставено меморандум на известувањето ќе vи кажев дури и браво се вели во статусот на Јаревски.

Имено за ова укажаа и од ВМРО-ДПМНЕ каде посочија дека СДСМ Карпош наредува за професор менторм,а градоначалникот Стефан Богоев извршува.

-СДСМ се насанка самата во своите лаги.СДСМ вработува свои партиски војници.Според „финската“ реформа на Царовска се вработуваат наставници само со партиска книшка.Таков обелоденет случај е и во СДСМ Општинска Карпош каде што тие наредуваат, а Стефан Богоев извршува.Срамота, професор ментор се избира во нивната општинска.Според методологијата на СДСМ кариера, квалификации и професионалност се неважни за вработување.Работа според СДСМ добиваш ако имаш партиска книшка.Толку од концептот за реформи во образованието на Мила Царовска, се вработуваат партиски војници за наставници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts