vesti24.mk
ВЕСТИ

Мерките на власта неуспешни: Од 6 април до денеска починале 669, а 13.394 граѓани се новоинфицирани од коронавирус

ECA

Состојбата со корона вирусот во државата и понатаму е застрашувачка. Па така додека властите секојдневно даваат различни изјави за набавка на вакцини и имунизација на населението, бројот на починати и ново инфицирани од КОВИД 19 и понатаму е голем.

Имено, од шести април до денеска кога на владина седница се донесе одлука забраната за движење на цела територија да започнува од 20 часот па се до 05 часот наутро, како и затворање на сите угостителски објекти се со цел да се спречи ширењето на заразата, има дополнителни 669 починати, како и 13.394 ново инфицирани граѓани, што и понатаму покажува дека бројот е голем.

Лошото менаџирање со здравствената криза е повеќе од евидентно, но она што е доста симптоматично и нејасно, а отвора сериозен сомнеж за можно лажирање на бројот на ново инфицирани е што, во последните неколку дена бројот на новоинфицирани е двојно помал од оној на оздравени граѓани, па така власта сака да прикаже дека всушност мерките го дале посакуваниот ефект јасно ќе ни стане дека не е точно.

Според информациите кои што медиумите ги пласираат во јавноста скоро околу 52.000 граѓани до сега се вакцинирале, или во проценти на 2 милиони жители само 2,2 проценти од населението во Македонија е вакцинирано, што исто така е многу мал процент.

Од друга страна пак, Македонија споредбено со државите од соседството е втора земја по број на починати на милион жители, односно пред нас со само 67 повеќе починати на милион жители е седум милионската Бугарија.

Додека Бугарија е прва земја по број на починати со 2343, Македонија втора со 2276 починати на милион жители, Република Грција има 981 починат или дупло помалку од Македонија. Понатаму Република Албанија е четврта земја по број на починати на милион жители со само 829, додека пак Република Србија која е водечка држава по бројот на вакцинирани граѓани има само 722 починати на милион жители или дупло помалку од нас односно 1554 починати помалку.

Додека министерот за здравство Венко Филипче секојдневно ги менува изјавите за набавка на вакцини, а секоја недела вози мотор со премиерот Зоран Заев драстичниот број на ново инфицирани и починати покажува дека короа вирусот коси во државата.

Според најновата одлука донесена на вчерашната седница, полицискиот час од денеска започна од 21 часот, а донесена е и одлука за отворање на летните тераси на угостителските објекти, додека пак за Велигден и Рамазан Бајрам забраната за движење се укинува на по само еден ден.

Мерките за забрана за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање во затворен простор остануваа на сила.

За потсетување, полицискиот час во Македонија е на сила од 10 март се со цел спречување на ширење на КОВИД 19, но повеќе од јасно е дека ниту една мерка не го даде посакуваниот ефект, а корона вирусот и понатаму продолжува да го зема својот данок.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts