vesti24.mk
ВЕСТИ

Мерџан Даути официјално побара иземање на обвинителот Бурим Рустеми во случајот „Насилство во Центар“

ECA

Адвокатот Мерџан Даути денеска и официјално на рочиштето за „Насилство во Центар“ побара од Обвинителството до Куманово и до обвинителот Јовевски иземање на обвинителот Бурим Рустеми.

Причината за ваквото негово барање според се е што не му се даваат доказите на албански јазик што претставува суштествена потврда на постапката. Исто така обвинителот Бурим Рустеми одбил да го чита текстот на доказите и спротивно на ЗКП ги читаше само насловените на доказите што претставува суштествена повреда на постапката за што се има изјаснето и Апелациониот суд.

Исто така обвинителот Рустеми се уште нема доставено ново овластување од обвинителството и се уште застапува со старо овластување кога бил вработен во СЈО.

Поради  ваквите барања судијата Огнен Ставров на адвокатот Даути му се закани со казна од 10 илјади евра и барање за одземање на лиценцата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts