vesti24.mk
ВЕСТИ

Мизрахи за оставката на Заев: Таа е стратешки планирана и истата е во насока на барање на стечаен управител на државата

Сметам дека неговата оставка е стратешки планирана и истата е во насока на барање на стечаен управител на државата, вели Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија за оставката на Зоран Заев од премиерската и претседателска позиција.

Мизрахи за можната коалиција помеѓу СДСМ-ДИУ и Алтернатива, вели дека не би навлегувала се додека не се официјализира, додавајќи дека мислела дека претседателот на Алтернатива Африм Гаши има свои принципи и вредности и дека партијата Алтернатива е всушност спротивно од политиките на ДУИ, посочувајќи дека не знае каква алтернатива ќе понуди доколку седне на иста маса со ДУИ.

Не би навлегувала во тоа додека не видиме официјално кој ќе биде договорот помеѓу СДСМ-ДУИ и Алтернатива. Но Алтернатива има интересно име и јас колку што знам името го добија по нивната политика и требаше да претставува Алтернатива од политиките на ДУИ во албанскиот блок. И сметав дека господинот Гаши како политичар има свои вредности и принципи да ја задржи својата вредност и на својата партија како алтернативна. Сега не знам каква алтернатива на ДУИ истиот ќе претставува кога ќе биде седнат во влада заедно со ДУИ каде што ќе треба да ги поддржува и политиките кои што се политики на ДУИ, и тоа ќе биде многу интересно да се гледа од страна, рече Мизрахи.

извор:курир.мк

Related posts