vesti24.mk
ВЕСТИ

Милошоски: Со етничката припадност во личните карти ќе го зачуваме нашето национално достоинство

ECA

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава во посета на општина Велес, одговарајќи на новинарско прашање рече дека во собранието по нарачка на Зоран Заев, се прави филибастеринг по однос на Законот за лични карти, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има еден принципиелен став, односно како што рече тој после сите национални понижувања, тие сметаат дека делумно би се зачувало националното достоинство доколку во личните карти може да стои етничката припадност.

-Друга работа што сакам да ја споменам е по однос на предлог законот, кога разговараме за Собранието е исто и предлог законот за личните карти, за личните документи, гледаме тука дека има обид за филибастеринг по однос на тој предлог закон. Јас само ќе кажам дека зад овој филибастеринг повеќе пратеници говорат во Собранието дека стои нарачка на Зоран Заев, кој што дал одредени ветувања на некои коалициони партнери кои што сега не може, не сака или не знае да ги исполни. И се обидува процесот да го попречи. ВМРО-ДПМНЕ има еден принципиелен став, после сите национални понижувања ние сметаме дека би било делумно за зачувување на национално достоинство, ако во мојата лична карта пишува дека сум Македонец , ако на мојот комшија му пишува дека е Србин, Албанец, Ром, Турчин или што и да е друго по националност. И тоа за нас е прифатливо. Со една забелешка да не мора во личната карта да стои новата придавка на државата, бидејќи за истата има рок од пет години. А, тие пет години од Договорот Заев, Димитров и Ципрас не се поминати и не би требало во моментов да се реализираат. Немаме почнато ниту преговори со ЕУ за да исполнуваме се и сешто, додаде тој.

„И втората работа е што гледаме дека Заев преку Левица се обидува овој процес да го одолговлекува. Видовме многу други процеси во Собранието кои што беа ставени на брза трака, ако Заев е убеден дека треба ваквиот закон да се донесе предложен од БЕСА ние го охрабруваме нека ја искористи како и многу пати досега брзата трака во Собранието и ние ќе го подржиме ова предлог законско решение каде што ќе пишува секој кој што е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром или Влах, дека ќе му стои тоа во неговата лична карта. Затоа сметаме дека се работи за уште една манипулација која што Заев ја прави се со цел да ги одбегне оние турбуленции кои што се случуваат во Собранието, а го доведуваат парламентарното мнозинство на стаклени нозе“, вели Милошоски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts