vesti24.mk
ВЕСТИ

Мицкоски: Имаме над 80.000 потписи за помалку од една недела за стопирање на фалсификат пописот

ECA

Повеќе од 80.000 досега имаме собрaно. Таргетот ни е шестоцифрена бројка. Се надевам на повеќе од 100.000 потписи за стопирање на фалсификат пописот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“.

Мицкоски додаде дека со собирањето на потписи за поништување на Законот за попис се докажа дека власта ја нема поддршката од граѓаните. А, најголем доказ за тоа беше што изминатиов викенд, за два дена на 300 локации се собраа над 45.000 потписи. Поголем доказ од ова нема дека власта сигурно паѓа и ја губи довербата од граѓаните на Република Македонија.

-До 100.000 потписи ние ќе стопираме, бидејќи ние докажавме со собирање на овие потписи дека власта ја нема поддршката од граѓаните за спроведување на овој штетен попис кој што е политичка, а не статистичка операција, појасни Мицкоски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts