vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Она што за Заев сега е Европа, и го вика Мини Шенген, тоа само значи дека донел уште еден пораз и не е способен да ја исполни најголема стратешка цел, членството во ЕУ

ECA

Македонија е европска земја, и нашето место е токму таму, во семејството на Европската унија, а она што за Заев сега е Европа, и го вика Мини Шенген, тоа само значи дека донел уште еден пораз за државата и не е способен да ја исполни нашата најголема стратешка цел, членството во Унијата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното обраќање струшко Ташмаруништа.

Мицкоски посочи дека Париз, Брисел и Берлин, не може да бидат, со должно почитување кон нашите соседи Врање, ниту пак Драч.

„Но, гумата за спасување на Заев која се вика Мини Шенген е само доказ колку државава тапка во место, и колку имаме неуспешна влада. А уште е понепријатно кога ќе го видите премиерот на сопствената земја во друштво на мојот пријател Вучиќ и Рама како се труди да најде барем еден проект во главниот град за да се пофали дека нешто сработил, нешто изградил изминативе 4 години, а всушност ги фали проектите на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Навистина е тешко да се гледа туѓиот срам. На човек му доаѓа да се срами од туѓиот срам“, рече Мицкоски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts