vesti24.mk
ВЕСТИ

Млад тетовец ќе одговара за „пренесување заразна болест“, се шетал наместо да седи во самоизлација

ECA

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“, предвидено и казниво по член 205 од Кривичниот законик.

-На 18.03.2020 пријавениот остварил влез во Македонија на Граничен премин Меѓународен аеродром – Скопје и потпишал изјава за самоизолација во времетраење од 14 дена. На 20.03.2020 во 16.00 часот пријавениот бил затекнат од полициски службеници на ул.„К.Р.Дрнц“ и бил лишен од слобода, по што во временскиот период од 16.03.2020 до 22.04.2020 бил сместен во државен карантин. Според потпишаната изјава, пријавениот од 22.04.2020 до 05.05.2020 требало да биде во домашна самоизолација, но на 29.04.2020 при извршена контрола од полициски службеници на неговата адреса, тој не бил затекнат во домот и не се придружувал на потпишаната изјава, со што постапил спротивно на здравствените прописи или наредби кои се определуваат за време на епидемија или некоја опасна заразна болест, информриа МВР.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts