vesti24.mk
ВЕСТИ

Моделот на Царовска пред целосен пропаст, онлајн наставата не ги дава очекуваните резултати

ECA

Им престои ли на учениците уште една пропадната учебна година, после минатата која поради пандемијата со корона вирусот од редовна настава со физичко присуство, учениците се префрлија на некоја си импровизирана настава преку интернет!?

Ќе ја платат ли македонските ученици цената на експериментот кој министерката за образование, Мила Царовска го спроведува годинава со целосното префрлање на учениците од четврто одделение на онлајн настава преку интернет, место да изнајде некој друг модел, со кој учениците немаше да го изгубат континуитетот во учењето и образувањето!?

Имено, онлајн наставата не ги дава очекуваните резултати. Голем број од учениците до сега воопшто не се тестирани за постигнатото знаење. Ова го потврдува од резултати кои се произлезени од истражувањето „Учење од далечина или оддалеченост од наставата“, кое го спроведе Здружението Лидери за образование, активизам и развој и Фондацијата Кондар Аденауер.

Од резултатите во истражувањето може да се види дека 30% од учениците, за време на учењето преку интернет, никогаш не биле тестирани и само 35,9% од учениците изразија задоволство за учењето од далечина.

„22% од учениците не се чувствуваат безбедно при следење настава преку Интернет, во 20% од случаите, за време на наставата се случило да бидат вклучени луѓе кои не се дел од тој клас. Некои ученици се пожалиле дека нивните податоци биле злоупотребени додека учеле преку Интернет и тоа најмногу се случило преку фотографирање, правење скриншот при што сликите биле дистрибуирани во приватни групи и биле злоупотребени од луѓе од кои биле одземени податоците“, изјави Иван Јованов, автор на анализата.

И покрај многуте реакции од наставниците и родителите на децата дека големи се шансите учениците да останат неписмени ако наставата целосно се одвива преку интернет, Царовска не попушти и си ја реализираше претходно зацртаната цел. Наспроти реакциите од најзасегнатите за моделот по кој ќе се одвива наставата, Царовска одлучи учениците од четврто одделение и нагоре наставата да ја следат целосно преку интернет.

Наспроти целосното затворање на училиштата за повисоките одделенија во Македонија, добар ден од земјите во регионот продолжија со редовна настава на учениците од училишните клупи, со почитување на протоколите за заштита од корона вирусот и со редуциран број на ученици во училниците.

Меѓу земјите кои не ги затворија училиштата се Албанија, каде што настава од училиште следат сите ученици со редуциран број на ученици во паралелките, и без никакво кратење на наставните часови. Настава од училиште следат и учениците од соседна Грција и Бугарија. Само наша Царовска ги затвори училиштата за учениците од повисоките одделенија, како и за учените од средните училишта.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts