vesti24.mk
ЗАБАВА

Можеби ова ви го скратува животот, а вие ги користите како утрински навики

ECA

Постојат две групи луѓе: оние на кои што доручекот им е најважен дел од денот и оние кои што редовно го избегнуваат.

Но, овој прв оброк во текот на денот всушност може да има големо влијание на вашето целокупно здравје.

Очигледно е дека некои од лошите утрински навики можат да ви го скратат животот и да го зголемат ризикот од хронични болести.

1. Прескокнувањето на доручекот може да влијае на вашиот метаболизам

Доколку го прескокнете доручекот, тоа може да влијае на вашата телесна тежина. Истражување кое било направено во февруари 2020 година објавено во „Clinical Endocrinology & Metabolism“, открило дека учесниците кои што јаделе обилен доручек (наместо обилна вечера) согорувале речиси двојно повеќе калории во текот на денот. Оние кои што доручкувале исто така имале пониско ниво на шеќер во крвта.

2. Сланината може да го зголеми ризикот од канцер на дебелото црево

Мирисот на сланината која што крчка во тавата е еден од најдобрите мириси кој што може да го почувствувате за време на доручекот. Но, истражување покажало дека јадењето секој ден по едно парче сланина (од околу 25 грама) може да го зголеми ризикот од канцер на дебелото црево за 20 отсто. Истражувањето следело речиси половина милион возрасни луѓе од Велика Британија на возраст од 40 до 69 години во текот на пет години.

3. Доколку во текот на доручекот пиете сок, тоа може да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2

Истражување правено во септември 2019 година, а објавено во списанието „Diabetes Care“, открило дека внесувањето на 100 отсто овошни сокови (половина шолја или повеќе) дневно, го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, седмата водечка причина за смрт во САД, и тоа за 16 отсто.

4. Пиењето сок од грејпфрут може да влијае на ефикасноста на вашите лекови

Доколку сте љубители на свежо цеден сок од грејпфрут и го пиете за време на доручекот, бидете внимателни и размислете за прескокнување на таа навика. Особено доколку пиете лекови. На пример, Управата за храна и лекови споменала дека сокот од грејпфрут може да влијае на ефикасноста на одредени лекови, како лековите за намалување на холестеролот и лековите за намалување на крвниот притисок.

5. Прераното пиење кафе може да влијае во регулирање на шеќерот во крвта

Истражување на Универзитетот Бет во октомври 2020 година открило дека доколку првата работа која ја правите наутро е пиење црно кафе, тоа може негативно да влијае на контролата на глукозата (шеќерот) во крвта и на ризик факторот за дијабетес и болести на срцето.

6. Доколку го прескокнувате доручекот, тоа може да влијае на здравјето на вашето срце

Истражување од април 2019 година објавено во списанието „American College of Cardiology“ опфатило 6.550 возрасни луѓе од САД и открило дека оние кои што го прескокнуваат доручекот имаат 87 отсто поголем ризик од смрт како последица на кардиоваскуларните болести во однос на оние кои што доручкуваат. Имено, прескокнувањето на доручекот може да доведе до зголемено ниво на холестерол и зголемен крвен притисок.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts