vesti24.mk
ЗАБАВА

Мрзлива баклава без кора, сочна и неодолива: Рецепт што може да го направат дури и почетниците во кујната

ECA

Кога велиме баклава, првaта мисла ни е ореви и кора. Меѓутоа, ако го претпочитате овој ориентален специјалитет, а немате време за традиционалниот, постои колач која има скоро ист вкус, но домаќинките ќе ја подготват многу полесно.

Состојки:
4 јајца
1,5 чаша шеќер
1 ванилин шеќер
1 чаша масло
1 чаша млеко
1,5 чаша гриз
2 лажици брашно
1 прашок за пециво
2,5 чаши мелени ореви
1/2 чаша сецкани ореви

Прелив:
1,5 чаша шеќер
3 чаши вода
1 ванилин шеќер
1 помал или пола голем лимон

Подготовка:
Прво подгответе го сирупот, да се олади додека колачот се пече.

Измешајте вода и шеќер, па ставете да зоврие и по неколку минути извадете ја шерпата од плочата за готвење.
Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее.

Изматете ги јајцата со шеќер, а потоа додадете суви состојки – гриз, брашно, прашок за пециво, ванилин шеќер, мелени и сецкани ореви. Потоа додадете млеко и масло, и изматете сè добро со жица.

Намачкајте го плехот, се посипува со брашно, па се става смесата и се става во топла рерна да се пече.

Баклавата ќе биде готова за околу 35 минути.

Изладениот сируп истурете го врз врелата баклава и оставете ја да се излади целосно, па ставете ја во фрижидер.
Се сече на коцки, се украсува со ореви, по желба и се сервира.

Пријатно!

извор:курир.мк

Loading...

Related posts