vesti24.mk
ВЕСТИ

Муцунски: Македонија има само стагнација и уназадување, тоа ги влошува нашите позиции со секој меѓународен партнер

ECA

Македонија има Влада на изговори, ова е Влада која многу добро знае да ја пренесе одговорноста, но истовремено ова е Влада која веќе 4 години има обврска да создаде прогрес, просперитет и развој. Тие не успеваат. Не успеваат примарно по гледиштето на граѓаните, не успеваат по гледиштето на опозицијата, но очигледно дека не успеваат и во перцепцијата на објективната меѓународна јавност. Во таа смисла, треба да го преиспитаат своето однесување, треба да размислат за својот капацитет на владеење.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Тимчо Муцунски, пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО ДПМНЕ.

-Влада која што очигледно не може да ги реализира своите програмски определби, многу е логично да размисли да институтот вражање на мандатот. Ако вие не можете да го реализирате тоа што сте го ветиле во кампања и програма, чесно и доблесно е да го вратите мандатот кај претседателот на државата и некој нов мандатар да формира Влада каде што ќе има испорака на резултати врз основа на програмски определби, истакна Муцунски.

Тој истакнува дека најголем дел од земјите членки на Европската Унија имаат свои резидентни амбасадори во Република Македонија, а тоа се луѓе кои сите недостатоци го гледаат и се сведоци дека нема никаков напредок.

-Корупцијата се зголемува, економијата е ослабната, во образованието не само што немаме реформи туку имаме најава за реформи кои ќе создадат дополнителен хаос во образовниот процес. Земјите членки го гледаат сето тоа, го евидентираат и очигледно е дека ова е земја која не се европеизира како што беше најавата, ние имаме очигледна деевропеизација  на Македонија. Имаме стагнација, имаме назадување и тоа ги влошува нашите позиции при контакт со секој меѓународен партнер кој посакува Македонија што побрзо да стане земја членка на ЕУ. Но, мора да се испорачаат резултати, мора да покажете дека вие доколку би станале земја членка би биле кредибилен и стабилен партнер во тој сојуз, посочи Муцунски.

Целото интервју со него погледнете го во продолжение:

извор:курир.мк

Loading...

Related posts