vesti24.mk
ВЕСТИ

Муцунски: Не можеме да и веруваме на оваа влада, опозицијата ќе се спротивстави на одлуките кои нема да бидат во интерес на граѓаните

ECA

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на денешната собраниска седница ги праша идните функционери од владата, како да се верува во оваа идна влада кога претходната не исполни ниту едно ветување и три години владееше без почитување на основните општествени вредности.
Потребно е да се даде нова надеж, дали е возможно составот на нова влада да одговори на сите предизвици кои претстојат пред нас, скоро 30 години од прогласувањето на независноста лично чувствувам дека повторно се наоѓаме на раскрсница на која недостасуваат патокази каде да се движиме, вели Муцунски.

Муцунски истакна дека во најголем дел и истите поединци коибеа вклучени во претходната влада која три години неуспешно наметнувашпе лажен сет на вредности.

Неколку години се зборуваше за неселективна правда додека се делеа амнестии и имаше влијанија кон правосудството за покренување на обвиненија, се влијаеше да бидат обвинети лица за изразени патриотски чувства, се влијаеше низ ходниците на правосудството, се игнорираше Венецијанската комисија, се зборуваше за борба против корупцијата, а обвинителството позади шарената револуција беше најголем ренератор на корупција, истакна Муцунски.

Муцунски критикуваше дека македонските граѓани продолжија да се иселуваат, и праша зошто сега би било поинаку и како за само две недели преговори сега власта ја откри Европа.

Како да ви веруваме, кога се што ветивте не исполнивте, а за се она за кое немавте поддршка го направивте, како да веруваме кога три години владеевте без почитување на основните општествени вредности? – праша Муцунски.

Муцунски порача дека опозицијата силно ќе се спротивстави на сите одлуки кои нема да бидат во интерес на граѓаните,со почит кон државата и националните вредности и по никоја цена нема да ја заборави идеологијата на Делчев.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts