vesti24.mk
ЗАБАВА

Наградна игра со цел децата почесто да излегуваат на улица

ECA

Оваа есен, 7.000 ученици од 27 училишта во Виена, Австрија, имаат можност да соберат поени, да се натпреваруваат и да освојат вредни награди преку – прошетка.

Целта на играта „Точки на улицата“ е поголема физичка активност кај децата, но и заштита на климата. Пандемијата на коронавирус уште повеќе го ограничи движењето на најмладите. Игрите со топка со другарчињата, спорт, ластик, трчање, велосипеди – сѐ тоа сега е уште понепопуларно.

А сепак, сѐ ова ги прави децата поздрави, среќни, радосни и ги развива нивните моторни, социјални и умствени способности.

Преку „Точки на улицата“, децата во Виена собираат поени пешачејќи до училиште, продавница или пак, при посета на пријатели. Наградната игра трае од 2 октомври до 13 ноември. Поставени се 35 кутии за игри на неколку улици, а децата собираат поени со притискање копче на кутиите, па напредувајќи во играта, си го развиваат натпреварувачкиот, но и колективниот дух за успех.

Овиие забавно-образовни дејности имаат за цел, меѓу другото, и придонес за зачувување на климата на планетата Земја. (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts