vesti24.mk
ВЕСТИ

Надвор е неподносливо вечерва: Инвазија од комарци во Скопје

ECA

Инвазија од комарци во Скопје. Нема парк, улица каде нема да ве искасаат неколку комарци во рок од само неколку минути. Граѓаните се жалат и велат дека не може да седат надвор навечер кога впрочем е и најдобро за релаксирање, затоа што и температурата е пониска од таа во текот на денот. Сепак тоа сега е невозможно, пишува порталот Фактор.

Надлежните велат дека прскале, но повеќе детали најавуваат за од понеделник. Инаку од Град Скопје на 12 месецов известија дека во следните денови ќе има неколку фази на авионско и терестичко прскање против комарци.

Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци требаше да се реализира на 15.08.2020 (сабота) и 16.08.2020 (недела), во раните утрински часови.

Терестичната дезинсекција (четврта фаза), против возрасни форми на комарци требаше да започне на 17.08.2020 (понеделник) и да заврши најдоцна до 21.08.2020 (петок), во период од 21.00 до 03.00 часот, наредниот ден. СЕпак токму оваа недела комарците како да збеснаа.

Граѓаните немаат спас, а се искасани и покрај тоа што ставале заштитни средства.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts