vesti24.mk
ЗАБАВА

Наклонетост или доминација: Зошто кучињата ги ставаат шепите на нас?

ECA

Кучињата сакаат да ги следат своите сопственици насекаде, делумно поради менталитетот на глутницата. Тие сакаат да копаат затоа што мирисаат нешто под земја. Но, зошто сакаат да ја потпираат шепата на твоето колено? Некои мислат дека ова сигнализира дека тие се доминантни, други дека тоа е знак на наклонетост, и еве ја вистинската вистина.

Пишувајќи за TheDogClinic.com, тренер за кучиња Ребека Форест вели дека кучињата всушност пробуваат неколку работи со овој гест.

– Најочигледна причина е дeка бараат внимание. Кога куче ќе стави шепа некому, тој знае дека на лицето најверојатно ќе му се допадне и дека ќе го гали, па продолжува да го прави тоа, тврди Ребека Форес.

Но, ова понекогаш може да значи дека се гладни.

– Шепа е потсетник дека е време за храна, но секако сопствениците не треба да реагираат секој пат нудејќи храна, предупреди таа.

Куче може да даде шепа дури и кога е под стрес. Ако се сомневате дека тоа е причината, проверете дали ушите на кучето се исправени или опашката е завиткана, што исто така може да покаже дека се чувствува загрозено.

– Кучињата честопати даваат шепа без никаква причина освен да сакаат да се поврзат со нивниот сопственик. Со допирање се ослободува окситоцин, хормонот на среќа, исто како и луѓето. Иако вашето куче може да бара внимание, гладно или под стрес, давање шепа може исто така да биде знак со кој тој сака да го зајакне вашето пријателство, заклучи Ребека Форес.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts