vesti24.mk
ВЕСТИ

Намален водостојот на Преспанското Езеро

ECA

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на преспанското Езеро е за 1,64 метри понизок од просекот за ноември и е 14 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 15 сантиметри, но е еден сантиметар над дозволениот минимум 693,10 (мнм).

За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,66 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Нивоата, пак, на реките во земјава се пониски од просечните со исклучок на реката Струмица на мерното место кај Сушево каде водостојот е за речиси 25 отсто повисок од просечниот. Карактеристична е и реката Треска кај Македонски Брод каде нивото е седум пати пониско од просекот за ноември.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts