vesti24.mk
ВЕСТИ

Нападнато обезбедувањето на банка во Охрид

ECA

На 07.09.2020 во 15.03 часот во СВР Охрид, Д.М.(41) од Прилеп, со живеалиште во Охрид, вработен како обезбедување во агенција за обезбедување, пријавил дека, додека бил на работното место како обезбедување во банка во Охрид, бил физички нападнат од В.Д.(56) од с.Беличица, општина Маврово Ростуше, со живеалиште во Гостивар.

Полициски службеници излегле на местото и на В.Д. му бил издаден записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts