vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Наутро локален дожд, попладне со сончеви периоди – Утре поројни врнежи

ECA

Наутро во земјава ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје наутро со услови за повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има во следнава ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts