vesti24.mk
ЗАБАВА

Најдобар фил за сарма: Без грам месо, но со неверојатен вкус

ECA

Феноменален спој на вкусови во кои ќе ужива целото семејство!

Потребни состојки:
• 3 компири
• 1 помала главица кромид
• 3-4 чешниња лук
• 2 јајца (исфрлете ги ако постите)
• 1 грст ориз
• неколку парчиња сланина (исфрлете ги ако постите)
• 1 главица кисела зелка
• 1 лажичка мелена црвена пиперка
• прстофат бибер
• 1 лажичка сол
• 1 лажичка сув зачин

За запршка:

• 1 лажица маст (масло, ако постите)
• 1 лажица брашно
• 1 лажичка мелена црвена пиперка

Начин на припрема:
Изрендајте ги излупените компири и лукот, а кромидот исечкајте го. Ситно исечкајте ја сланината. Во еден сад ставете ги сите состојки, па додајте бибер, мелена црвена пиперка, сол и зачини и сето тоа добро измешајте го.

Одвојте ги листовите од киселата зелка, започнете да ги полните со приготвената смеса и виткајте ги. Наполнете го садот со сармите, на врвот ставете еден лист зелка, па сето тоа заедно прелејте го со вода. Поклопете ја сармата со помала чинија и со капак, па оставете ја да се крчка.

При крајот додајте ја запршката од маст, брашно и црвена мелена пиперка. Уживајте!

извор:курир.мк

Loading...

Related posts