vesti24.mk
ЗАБАВА

Најмладата крионички замрзната личност сѐ уште чека науката да ја оживее (ВИДЕО)

ECA

Нетфликс најави документарец за најмладата личност која била крионички замрзната. Се работи за двегодишното женско бебе Материн, познато и по прекарот Ејнц, коешто боледувало од рак на мозокот.

Таа беше замрзната пред пет години, а нејзиниот татко Сахаторн Наоваратпонг, инаку тајландски будист, сега открива како се чувствувале тогаш тој и неговата сопруга Нарерат… Сега нивната ќерка е практично мртва, чекајќи да се појави технологија што може да го оживее и излечи детето, а којашто сѐ уште не постои.

– Срцето ми се бунтуваше. Можеби имаше шанса и без ова. Тешко ми беше да ја донесам таа одлука, но истовремено и морав да се држам до таа замисла, вели таткото.

Така нараторот со право прашува – дали девојчето навистина повторно ќе живее? – Иднината ќе покаже. (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts