vesti24.mk
ЗАБАВА

Најнеобична водена површина на светот: Зошто Мртвото море е толкава туристичка атракција?

ECA

Мртвото море спаѓа во една од дестинациите која со децении привлекува огромно внимание кај туристите.

Депресивното море, како што уште се нарекува бидејќи се наоѓа на најниска надморска височина, сместено е на меѓата помеѓу Израел и Јордан, а Ерусалим се наоѓа на 20 минути возење од познатите летувалишта Еин Бокек и Еин Геди.

Салинитетот на Мртвото море изнесува 33 отсто што го прави најсоленото море на Земјата, а во него не постои жив свет освен некои видови на микроби.

Неговата вода е идеална за лекување на дерматолошки болести, а токму затоа оваа дестинација изобилува со спа центри. Помеѓу останатото, морето поволно влијае и на нервниот систем, па затоа се препорачува на лица кои патат од депресија и анксиозни состојби.

Мртвото море е идеално и за непливачите бидејќи не можете да потонете поради количината на сол. Сепак, на сите уредени плажи има спасувачи, а се прашувате зошто? Во случај поголема количина на оваа вода да ви влезе во носот или устата, може да дојде до гушење. Исто така не се препорачува долго задржување во морето.

Се препорачува капење 2 пати дневно, по 20 минути.

Познатата минерална кал поволно делува на проширените вени, а на бреговите постојат извори на топла вода наменети за лекување на ревматски заболувања.

Сепак, ова всушност езеро, е 9 пати посолено од секое море и постои опасност целосно да пресуши бидејќи нивото на водата секоја година опаѓа за цел метар.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts