vesti24.mk
ЗАБАВА

Неговото височество ТАТКО: Зошто овој родител е многу важен во развојот на детето?

ECA

Понекогаш ја занемаруваме важноста на татковците и улогата која тие ја имаат во растот и развојот на детето. Но, дека се тие многу важни, говорат следните факти потврдени со бројни истражувања.

Информирајте се и споделете ги информациите со вашите пријатели, бидејќи подобар татко значи подобро дете, а на крајот на краиштата тоа придонесува да живееме во подобар свет.

1. Играњето со таткото не е само забавно, туку и неопходно за детето

Бебињата и малите деца учат преку игра. Тоа им помага да стекнат когнитивни и социјални вештини, како и да го совладаат јазикот. Истражувањата откриле дека низ играта со татковците, децата учат да ги хармонизираат нивните чувства, начинот на размислување и физичкото однесување. Ова е неопходно за децата помеѓу 2 и 5 години, кога се развиваат овие вештини.

2. Начинот на исхрана и општото здравје на таткото влијае на децата уште пред да бидат зачнати

Истражувањата потврдуваат дека околината на таткото, неговото однесување, дури и неговиот изглед може да имаат значително влијание врз здравјето на фетусот, како и врз здравјето на неговите внучиња. Една студија со глувци открила дека нездравата исхрана кај мажјаците пред парење довела до појава на симптоми својствени за дијабетесот кај нивниот потомок. Истото се смета дека се случува и кај луѓето. Не само тоа, туку студиите потврдуваат дека нездравиот начин на исхрана може да го намали квалитетот на спермата, што пак може да резултира со потешкотии при зачнување.

3. И татковците можат да бидат “бремени“

Добро не баш, но може така да се чувствуваат. Тоа се нарекува кувада, односно состојба во која татковците искусуваат знаци на т.н. сочувствена бременост. Тие може дури да ја накачат својата килажа и да искусуваат гадење и повраќање.

4. И татковците можат да чувствуваат депресија по породувањето

Оваа депресија се јавува кај жените, но пресметано е дека ја искусуваат и 1 од 10 татковци во некој период откако ќе се роди бебето. Новите родители треба да бидат свесни за оваа појава и да побараат помош доколку им е потребна. Депресијата кај кој било родител може да има долготрајни ефекти врз здравјето и добросостојбата на детето, но и да внесе огромен стрес во врската.

5. Физичкиот контакт меѓу таткото и детето е добар за здравјето на детето

Многу истражувања имаат покажано дека физичкиот контакт е витален за долготрајниот емоционален развој на детето, дури и за неговото физичко здравје. Допирот на таткото е исклучително важен.

6. Татковците кои помагаат низ дома имаат посамоуверени и поамбициозни ќерки

Низа истражувања упатуваат на фактот дека татковците кои помагаат низ дома миејќи садови, перејќи алишта и сл. ги поттикнуваат кариерните амбиции на нивните ќерки. Се смета дека гледањето на таткото во извршување домашни обврски создава помалку полови стереотипи.

7. Љубовта и вниманието на таткото може да го смени текот на целиот живот на детето

Едно чудо научни студии имаат покажано дека инволвираноста на таткото го подобрува психолошкиот, интелектуалниот и личниот развој на детето во периодот од бебе до адолесценција. Растејќи со татко кој покажува љубов ги зголемува и шансите за академски успех на детето, како и емоционалната добросостојба, и ги намалува ризиците од вклучување во криминални активности подоцна во животот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts