vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Неделен хороскоп: Месечината им носи незаборавни денови на овие хороскопски знаци!

ECA

Почнувајќи од недела, планетата Меркур ќе го напушти знакот Девица за да влезе во Вага, подготвен да ги фаворизира сите знаци на воздухот. А вие во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвија ѕвездите за следната недела – од 31.август до 6.септември.

Овен: Меркур во опозиција

Оваа недела – за жал – планетата Меркур ќе биде во опозиција со вашиот знак. Во следниот период може да доживеете некои потешкотии на работното место, исто така, како резултат на неповолната позиција на Јупитер. За среќа, можете да сметате на Марс, подготвен да ви ја даде целата сила што ви е потребна за да излезете од тоа неуништливи! Среќни денови во неделата се оние со Месечината во знакот: петок и сабота.

Бик: спокојство и среќа!

Продолжува за вас многу среќен период, полн со работно и лично задоволство. Исто така оваа недела ќе ја имате од ваша страна поддршката на Меркур и на Јупитер, кои ќе ви помогнат на професионалното поле да постигнете одлични резултати. Венера, од своја страна, ќе ви гарантира среќа и спокој дури и во однос на чувствата. Особено недела ќе биде ден за паметење!

Близнаци: неповолна Месечина

Драги Близнаци, планетата Меркур – толку драга за вас – ќе остане во неповолна позиција со вашиот знак до недела, кога ќе се врати на ваша страна. Подгответе се за септември полн со добри вести и одлични можности! Во меѓувреме, внимавајте да не постапувате премногу импулсивно – и на работа и во врската – особено во вторник, среда и четврток, кога ќе имате неповолна Месечина која ќе ве прави нервозни.

Рак: не трошете време

Обидете се да ја искористите оваа недела за да ги решите деловните проблеми кои се оставени нерешени, особено ако треба да поставите некое барање или да се обратите на до некој важен за вас: од следната недела веќе нема да имате поддршка од Меркур и комуникација со шефовите и колегите веќе нема да бидат толку едноставни. Период на мир и среќа продолжува за вас, што се однесува до чувствата.

Лав: Добри вести доаѓаат!

Вашата недела – за жал – започнува со нервозен понеделник, во кој лошата месечина во опозиција ќе прави лесно да го губите трпението.  Деновите петок и сабота ќе бидат дефинитивно подобри, во кои ќе се фаворизираат и чувствата. Понатаму, почнувајќи од недела, ќе можете да сметате на поддршката на планетата Меркур, која подготвува за вас месец (септември) полн со добри вести.

Девица: Месечина во опозиција

Планетата Меркур ќе остане во вашиот знак до недела: обидете се да го искористите нејзиниот престој колку што можете за да ги решите нерешените проблеми на работа. Ако е можно, искористете ги до максимум за разговори деновите понеделник и петок: меѓу вторник и четврток лошата Месечина во опозиција може да донесе непријатни изненадувања за вас. Венера во поволна позиција ќе ви даде убави емоции и разбирање од партнерот.

Вага: добредојде, Меркур!

Драги Ваги, конечно добра вест за вашиот знак, кој – со Марс во опозиција и со неповолна Венера- сигурно не поминавте релаксирано лето… Почнувајќи од недела, планетата Меркур ќе застане на ваша страна, подготвена да ви даде во наредните недели голема поддршка, и на работа и во односите со другите луѓе. Во меѓувреме, обрнете внимание на нервозните денови петок и сабота.

Шкорпија: нервозна недела

Оваа недела ќе можете да сметате на наклонетоста на Меркур, кој – до недела – ќе ви помогне да решите некои проблеми на работното место. Венера ветува добро разбирање со вашиот партнер и многу емоции, особено во вторник, среда и четврток, кога исто така ќе имате убава Месечина на ваша страна. Дефинитивно нервозен ден, сепак, е недела.

Стрелец: малку трпеливост

До недела ќе мора да се справите со неповолниот Меркур кој ќе ве натера да си ги проверите пријателствата и соработките. Обрнете особено внимание на деновите вторник, среда и четврток, кога нервозната Месечина може да ги нагласи тензиите и конфликтите. Од следната недела ситуацијата ќе биде многу помирна! Петок и сабота се поволни денови за љубов.

Јарец: не грижете се премногу

Оваа недела треба да ја искористите предноста на Меркур колку што можете повеќе: почнувајќи од недела, всушност, оваа планета повеќе нема да биде на ваша страна и може да ви донесе одредено забавување на полето на работата. Сепак, не се грижите премногу: со вас се Сатурн и Јупитер, па затоа големите задоволства ќе пристигнат до крајот на годината! Среќни денови: вторник, среда и четврток.

Водолија: Марс е со вас!

Вашата недела започнува со убава месечина во знакот, подготвена да ви донесе среќен понеделник. Почнувајќи од недела, планетата Меркур ќе се врати да дејствува во ваша корист за да ви донесе неколку добри вести во следните недели, особено во однос на полето на работата. Марс ве прави поодлучни и поборбени од кога било: во дискусиите со вашиот партнер ќе бидете тешко совладани!

Риби: Месечината во знакот!

Уште една недела бидете трпеливи, почнувајќи од недела, планетата Меркур повеќе нема да биде во спротивност со вашиот знак! Блокадите и потешкотиите што сте ги доживеале неодамна – особено во областа на работата – ќе бидат само далечно минато и ќе можете да ја вратите, малку по малку, силата и енергијата. Во меѓувреме, уживајте во три супер-среќни денови, со прекрасна месечина во знакот: вторник, среда и четврток.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts