vesti24.mk
ВЕСТИ

Неколкумина полесно повредени во сообраќајка на пет автомобили кај Радовиш

ECA

Во сообраќајка која се случи попладнево во 16:30 часот на местото „Директорска кривина“, на патот Радовиш-Штип, учествувале пет автомобили, при што неколку лица се полесно повредени.

Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информрираше дека сообраќајот на овој дел бил пренасочен по споредeн пат.

Увид на местото на несреќата, по овластување на јавен обвинител, е извршен од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш. (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts