vesti24.mk
ЗАБАВА

Нема грешка: Ако си направите ајвар според овој рецепт, ќе ви завидуваат сите комшии

ECA

СОСТОЈКИ:

10 кг црвени пиперки
3 модри патлиџани
500 мл зејтин
сол
1 лажица шеќер

ПОДГОТОВКА:

Испечете ги пиперките. Кога ќе бидат печени, но не изгорени, оставете ги 15 минути во ќеса за полесно да се лупат.

Откога ќе ги излупите и ќе ги исчистите од семките, ставете ги во мрежаста цедалка да се цедат 1-2 часа.

Во меѓувреме испечете ги, излупете ги и исцедете ги модрите патлиџани.

Потоа и пиперките и модрите патлиџани ставете ги во тенџере и варете ги на не многу силен оган.

Откога ќе почне да врие, постојано мешајте го ајварот за да не ви загори.

Кога течноста од пиперките ќе испари, почнете да додавате зејтин.

Никако не го ставајте целиот зејтин одеднаш, туку постепено.

Кога зејтинот ќе почне да избива на површина, значи дека веќе не треба да ставате зејтин.

Тоа значи и дека ајварот ви е при крај.

Додадете сол, промешајте, оставете уште 10-15 минути да се повари со постојано мешање и тргнете го од оган.

Ставајте го ајварот во загреани тегли и убаво затворете ги.

Оставете ги теглите да се оладат, па следниот ден складирајте ги на ладно и темно место.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts