vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Неспособноста на Владата на дело: За шест недели во Македонија се вакцинирале околу седум илјади лица, а во Србија толку за еден ден

ECA

Тоа што за 6 недели во Македонија се вакцинирани само околу 7.000 лица, а само вчера во Србија бесплатно се вакцинираа над 2.000 македонски државјани или брокјките одат и до 7 илјади, најдобро ја отсликува неспособноста на Владата која своите граѓани, кои во оваа држава плаќаат здравствено осигурување, ги остави сами да се снаоѓаат за нивното здравје и живот и Македонија ја смести на катастрофално место на листата за вакцинација во светски рамки и во првите места по превисока смртност од КОВИД-19.

И покрај лошата состојба со пандемијата, високата бројка на новозаразени и починати како резултат на тоа што нема соодветни мерки и вакцини, најлошто е тоа што владејачката партија оддржа партиски избори на кои гласаа околу 60 илјади членови на партијата, а од друга страна не се откажува ниту пописот кој треба да почне на први април.

За откажување на пописот не се размислува и откако самиот директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски призна дека дури четворица од инструкторите за попис се позитивни на КОВИД-19, а не се знае дали од истите се заразени и попишувачите кои тие ги обучувале и за неколку дена ќе треба да одат во секој дом.

Во ваква ситуација наместо да се изнаоѓаат решенија за справување со пандемијата, обезбедување на вакцини кои требаше да бидат обезбедени уште пред три месеци со што бројката на починати и заразени ќе беше сигурно помала, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче кои се директно одговорни за тоа, според фотографиите кои денеска беа објавени во медиумите, денешното сончево време го искористија да возат мотор низ Македонија.

Инаку во Србија денеска повторно има наплив од македонскикои чекаат да бидат вакцинирани, како и 1000 македонски стопанственици кои се очекаува да бидат вакцинирани во рамките на акцијата која ја организираше Стопанската комора на Македонија заедно со Стопанската комора на Србија во рамките на Коморскиот инвестициски форум.

За да се пријават странци за вакцинација против коронавирус преку порталот е-Управа во Србија, покрај основните податоци и електронска адреса, потребно им е да имаат и српски број на мобилен телефон, преку кој се добива потврда за закажано време и место на вакцинација. Истата порака ја добиваат и преку електронската адреса, а вакцинацијата во Србија е бесплатна.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts