vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Нетфликс тестира нова функција

ECA

Популарниот стриминг сервис Нетфликс има во план да додаде нова функција.
Оваа иновација би требало да овозможи случаен избор на следната содржина за гледање, а е наречена (барем засега) „Shuffle Play“.

Со тестирање на оваа функција започнале уште од јули, но засега е достапна на ограничен број модели на телевизори.

Како што сега стојат работите, со одбирањето на оваа опција, Нетфликс ќе ви понуди содржини слични на оние кои веќе сте ги гледале. Можно е оваа функција, на пример, да одбере случајно одредена епизода од некоја ТВ серија.

Тестирањето е се уште во тек во неколку држави, со различни рокови на траење. Од компанијата Нетфликс велат дека „Shuffle Play“ ќе прејде во широка употреба само доколку се покаже како навистина корисна алатка.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts