vesti24.mk
ЗАБАВА ЗДРАВЈЕ

Не ви требаат скапи третмани за убава кожа, еве како ви помага редовното туширање

ECA

Влагата која се создава за време на туширањето со топла вода е благодет за дишните патишта, синусите, грлото и бронхиите. Ако се концентрирате на бавно и длабоко дишење додека се туширате, влагата ќе раствори сè што насобрало во вашите дишни патишта и ќе ве ослободи од притисокот.

Покрај тоа, топлата пареа го стимулира излачувањето на токсините од телото, се грижи за циркулацијата и на кожата дава убав изглед, а што е многу важно, има ефект врз целулитот.

Во овој случај, црвенилото на кожата е добра работа, бидејќи крвта се повлекува на површината, а со тоа и подобро се храни ткивото и кожата со кислород и хранливи материи. Со зголемена концентрација на кислород, имунитетот ефикасно се справува со токсините и ја стимулира лимфната дренажа. Но овој систем мора сами да го поттикнеме и тоа со вежби или масажи, а резултатите се подобра функција на метаболизмот, посилно лачење на штетни материи од ткивото и помалку целулит.

Порите се отвораат под влијание на топлината и на овој начин можете подобро да го исчистите лицето од здодевните и упорни митесери. Кожата се чисти длабински, а резултатот е сјаен и убав изглед. Не треба да заборавите дека со туширањето ќе се опуштите и ќе почувствувате олеснување во мускулите и зглобовите. Топлината со векови се употребува како терапија кај болните тегоби како што е артритисот и да се подобри флексибилноста на зглобовите и мускулите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts