vesti24.mk
ЗАБАВА

Не е поради бојата на небото: Седиштата во авионите се сини од овие причини

ECA

Доколку мислите дека седиштата во авионите се сини за да личат на небото – грешите. Оваа боја е идеална за долготрајно користење, но и за нашата психа.

Седиштата во многу авиони се обоени во сино, а сите други бои се исклучок и обично може да се најдат во помали приватни авиони. Некои претпоставуваат дека ова боја била одбрана бидејќи потсетува на небото, но објаснувањето не е толку едноставно.

Првите сини седишта почнале да се користат пред неколку децении, а сега речиси секоја авиокомпанија ја одбира оваа боја за седиштата. Според британските научници, повеќето луѓе ја поврзуваат сината боја со сигурноста и безбедноста, што е многу важно за патниците што се плашат од летање. Освен тоа, според истражувањата, 90% од луѓето потсвесно одбираат брендови поради бојата, а сината одлично „поминува“ во тој поглед.

Постои и една практична причина зошто авиокомпаниите ја одбираат сината боја за седиштата. Нечистотијата, дамките и гребениците помалку се забележуваат на оваа боја, па седиштата може да се користат многу подолго.

Кога станува збор за материјалот, седиштата во авионите се тапацирани со вештачка кожа или ткаенина. Во авионите што се користат за долги релации, како трансатлантските, седиштата се тапацирани со ткаенина бидејќи со тоа ѝ се овозможува на кожата да дише, па патниците се чувствуваат поудобно. Горниот дел на седиштето наменет за главата е од посебен материјал кој може почесто да се менува.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts