vesti24.mk
ЗАБАВА

Не е секоја храна “забранета“ пред спиење, дознајте што смеете да јадете

ECA

Некои луѓе едноставно не можат да заспијат „на празен стомак“, односно да си легнат пред да грицнат нешто. За среќа, некои видови храна се дозволени пред спиење, пред сѐ бидејќи не дебелеат и не го оптоваруваат желудникот.

Сепак, нутриционистите препорачуваат ова да не ви биде изговор и да го ограничите времето на внесување храна на најмалку два часа пред спиење.

Од листата на дозволена храна, почнуваме со моцарела. Во едно топче има нешто помалку од 100 калории, 6 грама протеини и само еден грам јаглехидрати.

Со моцарела сирењето ќе внесете и калциум и витамин D, а најдобро од сѐ е што шансите да се прејадете се минимални, ако земете мало пакување од неколку топчиња.

Ако не поднесувате млечни производи, половина шака бадеми или ореви ќе ви бидат од голема помош. Содржат доста здрави масти, протеини, витамин Е, селен и магнезиум и ќе ве заситат брзо.

Вашиот избор за ужинка пред спиење главно треба да содржи протеини, а да одбегнувате храна богата со јаглехидрати.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts