vesti24.mk
ЗАБАВА

Не пијте загреана флаширана вода

ECA

Пред неколку години, популарната пејачка Шерил Кроу тврдеше дека топла флаширана вода од автомобил е виновна за нејзиниот рак на дојка.

Ова тврдење има смисла, а истражувањето спроведено од кинески и американски универзитети докажа дека не е безбедно да се пие флаширана вода што е поради некоја причина загреана.

Истражувачите складирале 16 брендирани флаширани води на три различни температури: 3,8 Целзиусови степени, 25 и 70 Целзиусови степени, сакајќи да ја достигнат температурата на водата складирана во фрижидер, на собна температура и во внатрешноста на автомобилот.

„Температурата од 70 степени Цезиусови е честа појава за летен, топол ден“, вели авторот на ова истражување, Лена Ма.

Тие ја тестирале количината на две супстанции – антимон и бисфенол, по една, две и четири недели. Како што знаеме, антимонот е тежок метал поврзан со белодробни и срцеви заболувања. Бисфенолот е хемиска супстанца која е забранета при употреба на шишиња за бебиња.

Како што растеше температурата на водата, така се покачуваше и нивото на антимон. Нивото на бисфенол не беше доволно високо за да предизвика загриженост.

Ако дневно се внесува вода со голема количина антимон, тоа може да предизвика сериозни последици.

Водата се препорачува да се чува на собна температура или во фрижидер и кога шишето со вода ќе се прегрее во автомобилот, едноставно треба да го фрлите. Не е проблем ако пиете ваква вода повремено, проблемот се јавува ако редовно ја консумирате.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts