vesti24.mk
ЗАБАВА

Не посегнувајте веднаш по антидепресиви: Правилната исхрана може да ги намали симптомите на депресија

ECA

Истражување на магазинот BMC Medicine уште одамна потврди дека правилната исхрана може да ги ублажи симптомите на депресија и анксиозност. Крајниот заклучок е дека кога телото е здраво и одморно и нашиот ум се чувствува така.

Кај депресијата и анксиозноста помага и вежбањето, кое го поттикнува излачувањето на серотонин, хормонот на среќата.

Научниците истакнуваат дека со балансирана и правилна исхрана во телото ќе ја внесуваме потребната количина на хранливи работи кои можат да го поправат расположението.

Досегашните истражувања потврдуваат дека исхраната богата со разновиден зеленчук, мала количина на шеќери и маснотии од животинско потекло ги ублажува симптомите на умор, анксиозност и депресија.

Особено се истакнува дека внесувањето на растителна храна има голем ефект на цревната микрофлора и дигестивниот систем.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts