vesti24.mk
ВЕСТИ

Никовски: Немањето вакцини во Македонија е тотален неуспех на политиките кои се водат во државата

ECA

Ристо Никовски, поранешен амбасадор во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за вакцините против КОВИД-19 која е многу актуелна тема каде посочи дека тоа што Македонија нема вакцини е тотален неуспех на политиките кои се водат во државата.

-Вината е сосема наша дека се направени погрешни проценки и чекори. Јас не знам дали нашите луѓе сакале поевтино да поминат или чекале донации таков ризик не се прави затоа што овде се работи за живот или смрт. Кога се појави овој вирус на сите им беше јасно дека да се сопре ова зло, да се намали или попречи потребни се вакцини. Еве како Србија успеа да набави вакцини, гледам и Босна доби вакцини останува само Македонија. Тоа покажува тотален неуспех на политиките кои се водат. Тие го загрозуваат здравјето на сопствениот народ затоа што не превземале ништо. Во политиката не се важни само грешките туку поважно е тоа што не си го направил а си морал да го направиш како овој случај со вакцините, рече Никовски во своето гостување.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts