vesti24.mk
ВЕСТИ

Николовска: Со случајот Мијалков и со други слични судски процеси, власта го урниса правниот систем во државата

ECA

Ние видовме една ситуација како Сашо Мијалков се појавува пред Обвинителството, со големо жалење и со желба да се пријави. Не знам кој поверува во сето тоа. Мене на пример навредена ми е интелигенцијата. Она што е суштински овде, имаме Закон и не станува збор за ничија желба, ниту слобода да некој избира каде ќе сака да подигнува решение. Обвинителството, исто како и обвинетиот е странка во постапката. Судот е тој кој што одлучува по предлог на ОЈО. Што значи, дека судот е тој што го носи решението. И странката е должна да го прими во судот. Од тој момент почнуваат да течат роковите за жалба. Па, која е ова небулоза да дојде некој пред Обвинителство и таму да си го земе решението. Тоа е надвор од разум и надвор од секоја правна логика, вели адвокатката Ружица Николовска во емисијата “Вин-вин” на Телма телевизија.

Таа истакна со тоа само се замајува јавноста и на ваков начин институциите на обвинетиот Сашо Мијалков му даваат повластена положба во однос на други.

-Еве за споредба само со предметот “27 април”, со тогаш обвинет,а сега затворен Јане Ченто на кој му беше одредена мерка домашен притвор. Доаѓаат полициски службеници и констатираат дека во период од 20 минути Јане Ченто не бил дома. Експресно таа мерка му се заменува со затворски притвор. Ова го кажувам дека полицијата или МВР игра клучна улога во вакви постапки, рече таа.

Изјавата пак, на Премиерот Зоран Заев дека Мијалков бил притиснат и затоа се вратил, според Николовска е еклатантен пример на мешање на извршната во судската власт.

-Со овој и со слични на овој предмет, го урнисаа правниот систем во државата. Може за некои кои се не познавачи на правото, тоа да биде браво Премиерот го стиснал и тој се вратил. Но, правниот систем не функционира така. За да му одземете имот на некој, тоа мора да биде низ законска постапка, истакна таа.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts