vesti24.mk
ВЕСТИ

Николоски:Непамтам дека било кој лидер на СДСМ од опозицијата се сретнал со премиер на земја членка на ЕУ, тие ја кодошеле земјата за да земе поскапи кредити

ECA

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител зборваше за посетата кој тој ја имаше заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски каде истакна дека до сега не памети лидер на СДСМ во опоција да се сретнал со премиер на земја членка на ЕУ.

-Прво јас не можам да се сетам дека било кој претставник на СДСМ додека беа во опозиција се видела со премиер на било која земја членка на ЕУ, немаше таков пример што значи дека нивото е многу различно, многу повисоко ниво е ВМРО-ДПМНЕ што се среќава со претставници на ЕУ односно се среќава со првите луѓе на државите во кои што одиме. Второ ќе ја потсетам јавноста дека кога СДСМ остваруваше средби дека тоа беше едно класично кодошење на штета на државата на пример Македонија земе многу поскапи кредити само заради тоа што тогашните функционери на СДСМ пишуваа писми до банките од каде што Македонија требаше да обезбеди средства за сопствениот буџет. И трета работа луѓето со кои што се гледаме се први луѓе на нивните држави и верувајте се исклучително добро информирани имаат и свои амбасади нормално тука и знаат и повеќе од што ќе им кажете, потенцираше тој.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts