vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Николоски: Две и пол години не добивам одговор кога Македонија ќе започне преговори со ЕУ

ECA

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија Стар зборуваше зошто Република Македонија нема отпочнато приговори за членство во ЕУ и потенцира дека причина е тоа што Заев неколку пати направил стратешки грешки.

– Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт народот живее подобро, се отвараат нови работни места, имате посреќни луѓе, кога СДСМ е на власт многу се филозофира, малку се работи. Мислам дека на Заев му одговара луѓето да зборуваат за односите со Бугарија, со Грција или со Албанија за да не зборуваат за тоа дека брат му и негов братучед добија концесија на 30 години од Владата која тој ја предводи. Ова е невидена работа било каде во ЕУ. Тој од уста не ја вади ни Европска унија, ни НАТО ама нека наброи втора држава членка на ЕУ во која премиерот на седница која тој ја води доделува концесија на брат му и на негов братучед и затоа меѓу другото Македонија не може да почне преговори, истакна Николоски.

Николоски посочи дека во јавноста поставил прашање за кое две и пол години не добил одговор.

-Јас го имам во јавноста поставено може најинтригантното прашање на кое две и пол години не добивам, а тоа е кој е датумот на кој ќе почне Македонија преговори со ЕУ. Прашував во 2018 година кој е датумот, не добив одговор, во 2019 година прашував не добив одговор, еве ја 2020 заминува пак немам одговор. Македонија направи неколку стратешки грешки заради Зоран Заев поради кои не може да почне преговори, додаде Николоски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts