vesti24.mk
ВЕСТИ

Николоски: Европската Унија има голем интерес околу случајот со Давидовиќ – Дака во Тетово, така да Заев и Рашковски нема така лесно да се спасат од ова

ECA

-Европската унија има голем интерес околу случајот со Давидовиќ – Дака, бидејќи се работи за еден експонент на руска надворешна политика. Меѓународната заедница се обрати до мене да доставам документите што ги поседувам, се заинтересираа и меѓународни новинари, се заинтересираа и релевантни политичари и институции, така што Зоран Заев нема така лесно да се извлече од целата оваа ситуација. Затоа што се отвора и уште еден сомнеж за конфликт на интереси. Јавноста треба да знае за да помине еден детален урбанистички план прво треба истиот да го одобри Министерството за транспорт и врски. Тоа е одобрено за само 7 дена. Само обичен документ да извадите ви требаат месец дена. Во овој случај, за инвестиција од 200 милиони евра министерството дава дозвола за само 7 дена, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts