vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ова што и се случува на Македонија со Бугарија е само последица на криминалот и корупцијата на Зоран Заев и не испорачувањето на реформи

ECA

Вечерва за “Инфомакс” потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во однос на договорот со Бугарија изјави дека мора да се навратиме наназад и да се запрашаме каков договор потпишаа Заев и Димитров. Тие потпишаа катастрофален договор.

-Јас бев првиот што кажав дека Македонија нема да добие датум за преговори. Тогаш половина од пријателите ме гледаа чудно ми велеа не си излетувај со изјавите ќе си го нарушиш кредибилитетот. А другите ме напаѓаа дека поим немам и дека тоа е научна фантастика. За жал сега, еве три ипол години подоцна тие не се во право, а јас сум. Ова е катастрофален договор од политички аматери или од ако сте некој продаден и имате друга агенда. За да потпишете договор со соседна држава во кој што услов за напредок на вашата држава е комисијата за историјата на Балканот, кај што не можете да најдете ниту две држави ниту два народа ниту два града кои што ќе се сложат за иста интерпретација на настани. Па, Неготино и Кавадарци немаат исти интерпретации за исти настани, како и Скопје и Битола. А вие очекувате Македонија и Бугарија да имаат исти, во услови кога Бугарија е членка на ЕУ и буквално ви стои со пиштол на чело и ви вели ќе преговараме. Значи треба да сте тотален политички аматер да потпишете таков договор. И ова се сега последиците на тој договор. Прашањето е што може да се направи нешто врз лош договор, тоа е како да градите куќа без темел. Но, дефинитивно е тоа што мора да се направи е сите тие што го потпишаа овој договор е да одговараат за велепредавство, дециден е Николоски.

Тој смета дека една здрава силна патриотска настроена политика, политика со поголема самодоверба, што ќе знае да лобира надвор од државата, ќе стекне меѓународни пријатели и економски ќе ја крене Македонија и ќе воведе функционално владеење на правото, може далеку да си ги подобри позициите.

-Клучното прашање зошто Македонија е во ваква ситуација е тоа затоа што Македонија нема поддршка од останатите држави. А тоа е затоа што државата ни е потоната во криминал и корупција. ЕУ и побара на оваа влада на Заев три работи да реализираат, а тоа беше реформа на безбедносните служби, ете ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа тие закони но, имплементацијата е катастрофална, второто е реформа на јавната администрација и третото е борба со организираниот криминал и корупцијата. А во таа година на власта на СДСМ “Рекет” им се случи. Дојде јуни 2019-та и нормално Македонија повторно доби Вето. Во октомври повторно не добивме датум за преговори. И тогаш Бугарите си рекоа па, чекај овие три шанси пропуштаат, се лади веќе ентузијазмот на европските центри и дај ние да искористиме. И веќе во ноември си донесоа консензус во Бугарското собрание, кој што е веќе сега официјална стратегија на Бугарија. Беше криена во македонската јавност, јас лично ја извадив во јавност. И ова сега што ние го имаме од Бугарија е само последица на криминалот и корупцијата на Зоран Заев и не испорачувањето на реформи, дециден е Николоски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts