vesti24.mk
ВЕСТИ

Николоски: Со “валкани пари” од Панама, тајкунот Дака со помош на Заев и Рашковски ќе инвестира во Тетово

ECA

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија на тема од каде се парите на Давидовиќ – Дака со кои ќе гради во Тетово изјави дека Дака е управител на фирма чии што сопственик е човек од Панама.

– Тоа е така затоа што се кријат и да направат перење на пари и да скријат капитал кој што најчесто доаѓа од сомнителни извори. Затоа што ако ви се чисти парите вие од Никшиќ ќе ги пуштите во Скопје. Но, ако ви се валкани тогаш од Панама ќе ги пуштите во Скопје или Тетово. За тоа имам и документ од Централен регистар дека фирмата Шик Јелак е од Панама. Како основачки влог се уплатуваат од Панама само 2 милиони евра, рече Николоски.

Од документите што ги поседувам, може да се види дека оваа фирма е основана во 2015-та година од страна на четири лица од кои едниот е познат Миодраг Давидовиќ, а останатите три лица се со интересни латински имиња. Емануел Салазар се јавува во дополнителни 8861 компанија, другиот со има Делион се јавува во исто така над 8000 компании и третиот човек односно фирма се јавува во над 5000 компании. Тоа значи дека фиктивно на едно име се појавуваат повеќе компании, изјави Николоски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts