vesti24.mk
ЗАБАВА

Никој не знаел дека е украдена: Пронајдена копија од слика на Да Винчи, стара e 500 години

ECA

Италијанската полиција пронајде 500 години стара копија на сликата на Леонардо Да Винчи „Спасител на светот“ во Неапол, па ја врати во музејот.

Полицијата соопшти дека уапсила 36-годишен маж во чиј стан, во плакарот, била пронајдена слика од Спасителот на светот (Салватор Мунди). Делото го прикажува Исус Христос со крената рака.

Станува збор за копија на делото на Леонардо, кое беше продадено во 2017 година за 450 милиони долари.

Музејот е затворен со месеци поради заштитни, антиепидемиски мерки, па никој не пријавил дека сликата исчезнала во меѓувреме.

„Сликата е пронајдена благодарение на брилијантна и вредна полициска акција“, рече неаполскиот обвинител Џовани Мелило.

„Патем, нејзиното исчезнување не беше пријавено. Вработените во музејот, кој е заклучен со месеци, не биле ни свесни за кражбата “, додаде Мелило.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts