vesti24.mk
ВЕСТИ

НИ ДОАЃА МНОГУ СТУДЕНО ВРЕМЕ: Вечерва снежна покривка ќе се формира во целата земја, а еве што не очекува викендот!

ECA

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне од северозападен правец.

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. На места ќе провејува снег.

Во недела пак времето ќе биде сончево со умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

УХМР издаде и актуелно предупредување: Поради продор на студена воздушна маса од север следува период на многу студено време. Денес попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts