vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

Нова цена на Еуросупер 95 од полноќ

ECA

Регулаторната комисија за енеретика ги објави цените на горивата кои ќе важат од полноќ.

Согласно новата одлука, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,00 ден/лит.

Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно трета недела остануваат на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 28.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,763 ден/кг.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts