vesti24.mk
ВЕСТИ

Новиот министер за информатичко општество станал професор на 21 година

ECA

Новиот министер за информатичко општество и администрација во својата биографија поднесена до македонското собрание навел дека станал професор на само 21 година на Меѓународниот универзитет во Струга.

Во продолжение прочитајте повеќе за биографијата на новиот министер во МИОА:

Јетон Шаќири – министер за информатичко општетсво и администрација

Роден на 17 март 1987 година, во Струга.

Образование: Од 1 септември 2008 година е професор по економски науки – Факултет за економски науки, Меѓународен универзитет во Струга; Од 1 септември 2009 до јуни 2018 година Меѓународен универзитет во Сгруга, Директор на Додипломски и Последипломски студии, Од јуни 2018 до декември 2019 година директор на МЈП „Проаква“ – Струга, Јануари 2020 – во тек, директор на ЈП „Водовод и Канализација3 – Струга. Дипломирал на Економски науки, Државен универзитет на Тетово, Тетово (2005-2008); Магистер по економски науки Меѓународен универзитет во Струга – Бизнис економија, магистер по економски науки – 27 јули 2010, Доктор по економски науки – Универзитет на Тирана, Економски факултет – 16 септември 2016 година.

Други искуства: Октомври 2003 – Training – Vienna Inscurance Group, Hotel Sileks Ohrid; Април 2004 – OBSE project „Together“ in Struga, Септември 2010 – Обука за компјутерски науки организирана од Секторот за технологија – Скопје; Април 2012 – учесник на тркалезна маса во организација на Општина Прешево; Ноември 2012 – Учесник на економска сесија, лидер во Универзитетот во Валона на симпозиумот организиран за 100-годишнината на албанската независност; Април 2015 – Обука од Народна банка на Р Македонија организирана од гувернерот Димитар Богов, обука за млади банкари; Декември 2017 – член на Управен одбор на ЈП Комунално – Струга; Претседател на огранок Струга 2 на ДУИ,

Член на Генералниот совет на ДУИ, Член на Претседателството на ДУИ, огранок Струга.

Познавање на албански (мајчин) јазик, MS Word, Excel, Powerpoint.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts