vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Ново на Гмејл апликацијата: Може да објавувате гласовни и видео пораки

Опцијата за гласовни и видео пораки пристигнува на Gmail chat во рамки на Gmail апликацијата за Андроид и иОС

Оваа функција првпат е најавена во септември, а веќе од 6 декември почна да се испорачува до корисниците кои имаат Google Workspace, G Suite или личен Google налог.

Претходно беше можно да се започне повик од Gmail апликација, но до сега тој процес вклучува испраќање покани за Google Meet видео конференциски повик. Во иднина ќе постојат едноставни икони за телефон и видео во десниот агол на секој разговор, а иконите може да се користат и за остварување повик.

Иако се работи за едноставен додаток, со ова ќе се овозможи Google дополнително да го направи Gmail централизирано место за сите сервиси на комуникација.

Во самата објава компанијата истакнува дека корисникот ќе биде пренасочен во Gmail апликацијата и доколку започнете повик од  Gmail chat апликацијата.

извор:курир.мк

Related posts