vesti24.mk
ВЕСТИ

Нов кopoна-клacтep во кумановскиот затвop?

ECA

Неофицијално Инфомакс дознава дека во затворот во Куманово, К’шање еден од затворениците е позитивен на опасниот коронавирус. Информацијата се обидовме да ја потврдиме контактирајќи го затворот, но од вработените не добивме ниту потврда ниту демант за информацијата. Од затворот во Куманово не упатија да ја контактираме Управата за извршување на санкции за повеќе информации, но на телефонот објавен на страницата на Министерството за правда се вклучуваше телефонск секретарка.

Според нашите информации сега за сега само еден затвореник е позитивен на Ковид 19, но претходно истиот затвореник имал контакт со повеќе други останати затвореници.

Затвореникот е однесен на Инфективното одделение во Куманово на 14-ти ноември каде по тестирањето бил дијагностициран со Ковид 19. Останатите затвореници кои биле во контакт со заразениот затвореник се ставени во соба во притворскиот одделение во изолација.

Затворениците се загрижени за своето здравје имајќи во предвид дека лекар ги посетува само 2 пати во неделата, а затоврениците немаат 24 часовна лекарска помош. Нашите извори велат дека сите затвореници имаат меѓусебен контакт, а досега не се направени никакви тестирања.

Претходно коронавирусот се ширеше во штипскиот затвор заразени беа затворски полицајци, двајцата здравствени работници и неколку осуденици.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts